И покрај епидемијата на корона вирусот, годинава нема да изостане прославата на големиот македонски празник Илинден на Мечкин Камен, каде што ќе биде одбележана 117-годишнината од Илинденското востание.
Комисијата за заразни болести дава одобрение за организирање прослава на празникот, но оттаму велат дека мора да биде спроведена според претходно утврдени протоколи.
Комисијата дозволи да се одржи прослава на Илинден, но нема да биде како во изминатите години. Нема да биде тоа масовна прослава, туку на организаторите им ги дадовме протоколите како да го организираат настанот. Бројот на учесници ќе биде многу помал, а останатите мерки се веќе оние кои постојано ги препорачуваме – вели епидемиологот д-р Александар Стојанов.
Тој потенцира дека од исклучотелна важност е носењето заштитни маски, без разлика што прославата е на отворено на Мечкин Камен, како и одржување на социјалното растојание.
За се имаме дадено протоколи, важно е да се почитуваат, само така нема да имаме проблеми и нема да се зголемува бројот на нови заразени со корона вирусот – потенцира д-р Стојанов.