Златко Ориѓански ќе биде поставен за Директор на Културниот центар на Македонија во Тирана, објави Скопје Инфо повикувајќи се на владини извори. Одлуката за именување треба владата, според порталот, да ја донесе на една од следните седници.
Овој предлог е усвоен на владина седница.
– Предлогот доаѓа по потпишаната Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Република Албанија во Скопје. – велат од Министерството за култура за „Независен весник“.
Македонија и Албанија треба да отворат културно-информативни центри во своите главни градови со цел да се доближат повеќе и граѓаните да се запознаат подобро со културните особености, како и новости и настани за тоа што се случува со нивните соседи.
Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на оваа државна институција која ќе треба да ја промовира македонската култура во соседна Албанија.