Македонија 03. јануари 2021. / 18:24

И Жарко Караџовски позитивен на Ковид-19

И Жарко Караџовски позитивен на Ковид-19

Министерството за здравство попладнево информираше дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19.

Тој останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга.

Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, се вели во известување од министерството.