Според документи на Светиот престол, во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби туку Македонци. Во фондот на Конгрегацијата во Ватикан има сведоштва за Македонија и за Македонците што покриваат период од 1622 до 1644 година, пишува Блаже Миневски за „Нова Македонија“.
Во збирката ватикански документи во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје има документ од 1624 година, кој зборува за обновување на Колеџот во Лорето, кога далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука да се доделат места за питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светиот престол за стипендии“. Според овој документ, од почетокот на 17 век во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, па затоа биле одобрени посебна квота и посебна графа за апликација како за припадници на посебен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето, според документот, студирале „тројца Македонци стипендирани од Ватикан“.