По Полска, и словачкиот Парламент денеска го ратификуваше Проколот за членство на нашата земја во НАТО. Со ова Словачка е 11-та земја-членка на НАТО што го ратификуваа Протоколот.
Претходно денеска полскиот Парламент го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО. За ратификација на Протоколот гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.
Прва држава што го ратификуваше Протоколот беше Грција, а по неа тоа го сторија и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија, Данска и денеска Полска и Словачка.
Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.