Oбвинителката од СЈО, Лиле Стефанова денеска се огради од специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која доби 30 дена притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Вели дека од самиот старт била воздржана кон работата на Јанева и дека според неа, во моментов не е важно дали осомничениот е шеф или колега.
Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа ,вели Стефанова.
Таа додаде дека никогаш не се ни доближила до Јанева. Претходно и обвинителката Фатиме Фетаи се огради од Јанева, и потенцираше дека секој кој се огрешил мора да одговара.