Македонија 04. јануари 2020. / 17:25

Хрватското претседавање со ЕУ ја оживеа надежта дека Македонија ќе ги отвори долгоочекуваните преговори

Хрватското претседавање со ЕУ ја оживеа надежта дека Македонија ќе ги отвори долгоочекуваните преговори

Хрватското претседавање, чиј приоритет ќе биде проширувањето на ЕУ, ја оживеа надежта дека земјата ќе ги отвори долгоочекуваните преговори за членство оваа година. Професорот Лазар Лазаров, проценува дека му доаѓа крајот на долгото чекањето за почеток на преговорите, иако до полноправно членство може да поминат уште десет години. Лазаров е оптимист дека до самитот во мај, земјите-членки ќе постигнат консензус за новата методологија, а критериумите за членство се очекува да бидат многу построги од сегашните критериуми на Копенхаген.

Лазаров дури им препорачува на политичките партии да ги надминат внатрешните конфронтации и да влезат во заедничка влада, за да ги спроведат сите реформи потребни за членство во ЕУ. Здружението за надворешна политика „Советот на амбасадори“, очекува максимална посветеност од Хрватска, и е убеден дека земјите членки ќе постигнат компромис за деблокирање на процесот на проширување на ЕУ.

„Потребата за проширување, се подразбира со нови практични предлози, како една од приоритетните теми на претстојниот самит предизвика надеж и доверба дека државите на ЕУ, правилно ќе ја разберат оваа тема што за Западен Балкан е највисок приоритет. Советот на амбасадори е убеден дека ќе биде многу важно што, како досега, Хрватска да продолжи да даде јасна поддршка за европската интеграција на Македонија и целиот Западен Балкан. Затоа, нашите очекувања се големи, на реална основа “, велат од Совет на Амбасадори.

Од 1 јануари, Хрватска го презеде претседавањето со ЕУ, а хрватскиот премиер Андреја Пленковиќ, се заложи дека на Самитот во Загреб во мај, ќе започнат преговорите за членство на Македонија и Албанија.