Македонија 01. март 2019. / 14:24

Хрватска го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Хрватска го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Со 116 гласови „за“ и  два „против“, хрватскиот парламент даде зелено светло на членството на нашето во НАТО.

-И честитам на Република Северна Македонија, рече претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ, по гласањето , на кое присуствуваше и македонска делегација, предводена од потпретседателката на парламентот Фросина Ременски.

По Грција, Албанија, Словенија и Бугарија, Хрватска стана петтата земја членка на НАТО што го ратификува протокот за НАТО.

Попладнево се очекува истото да го направи и собранието на Црна Гора.