Илинка Арсовска од село Пелинеце е 43 годишна жена кој во кумановската болница ја доживува најтешката агонија во животот. Лежи со отворена рана, ја лазат муви,нечисти или со флеки чаршафи и нема кој да ја нахрани. Агонијата на оваа млада жена трае три месеци, пренесува Досие.мк.
На 26 март добива мозочен удар од притисок над 200. Ја носат со такси во Клиника каде и прават операција. Од главата и е изваден хематом како последица од ударот. Но поради масивниот удар останува парализирана на десната страна на телото, а притисокот и понатаму и е висок. По препорака на Клиниката во Скопје жената наместо да се препрати на соодветна нега во болницата Козле или соодветна институција, во отпусното писмо пишува дека ќе се обезбеди превоз и ќе се смести во кумановската болница.
Таму наместо на интензивна нега е во обична соба. Собата е без клима полна со муви , жената сама оти нема ни кој да се грижи за неа. Доаѓа по некој добронамерен човек што ја познава да и подаде јадење. Доаѓа и едниот син но и тој не може да помогне.
Целата сторија на Досие можете да ја прочитате ТУКА.