Унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето е целта за која ќе дискутираат стотици ЛГБТИ активисти, родители на ЛГБТИ млади, претставници на владите, пратеници и пратенички, експерти од Западен Балкан и од Турција. Конференцијата се одржува од денеска до 6 октомври во хотелот „Александар Палас“ под мотото „Наспроти сѐ, иднината е наша“.
-Од еден ригиден политички систем, од една власт која беше исклучително хомофобична и трансфобична, власт која што буквално удираше врз животите и телата на овие луѓе. Кога никој не очекуваше, наспроти сите шанси и можности, ЛГБТИ заедницата покажа дека е исправена и дека е мотивирана да се бори. Токму поради тоа последнава година бележиме веројатно најголем напредок во регионот. Со доаѓањето на новата власт, дојдоа и првите заложби, барем декларативни, а како што гледаме и како се одвива ситуацијата, веројатно новата власт е спремна да биде далеку поотворена од претходната. И покрај убавите вести, ние мораме да бидиме свесни дека не сме ниту до половината на патеката, имаме уште многу чекори напред изјави Ирена Цветковиќ во интервју за Плусинфо.