Македонија 08. октомври 2019. / 11:31

Холандија денеска ќе одлучува дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори со ЕУ

Холандија денеска ќе одлучува дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори со ЕУ

Парламентот на Холандија попладнево ќе расправа дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори со ЕУ.

Холандската телевизија НОС објави дека почнувањето на преговорите за приклучување кон Европската Унија на Албанија и Македонија, зависи од Холандија.

Бундестагот неодамна одлучи да почнат преговорите, но постави неколку услови што треба да ги исполнат двете земји, меѓу кои обезбедување на подобро функционирање на судството, како и ефикасна борба против организираниот криминал.