Десетина минути пред 4 часот утрово, по предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски, со 62 гласа „за“ и 26 „против„ Собранието ја разреши првата министерка со Еврејско потекло во историјата на Македонија, Рашела Мизрахи.
Од првиот момент откако стапи на функција како технички министер за труд и социјална политика, Мизрахи беше таргет на антисемитски напади од високи функционери на владејачката СДСМ.
Функционерката на СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ од Мизрахи побара себеси да се обележи со давидова ѕвезда исто како што се обележуваа евреите во конц логорите на нацистичка Германија.
Потоа, провладиниот колумнист Бранко Тричковски од неа побара да јаде хумус од мртви Евреи. Имаше уште стотици антисемитски напади од функционери и членови на СДСМ, а во јавноста се коментираше дека нападени се раководени од Илинденска без број и пропагандниот тим на Марјан Забрчанец.
Вечерва, антисемитизмот на владејачката СДСМ кулминираше, со разрешувањето на министерката само затоа што е Еврејка.
Официјалната причина за разрешување на Рашела Мизрахи е тоа што користела табла на која пишува „Република Македонија“, пракса која ја користат уште многу други министри и директори во јавни претпријатија кои не се разрешени. Симптоматично е што во МТСП стоеше истата табла и за време на претходната министерка Мило Царовска, а таа се уште е вицепремиер во владата.
Дополнително, во предлогот за разрашевуање на Спасовски стои дека министерката го прекршила Уставот со тоа што не го користела името Република Северна Македонија. Според истиот тој Устав, право да оценува уставност има само уставниот суд, кој се уште се нема изјаснето околу ова прашање.
– Не можам да разберам кога некој ве критикува по верска и национална припадност. Последен кој тоа го правеше беше Геблс, порача Мизрахи од собраниската говорница.
Нападите ги осудија и претставниците на ОБСЕ во Макеоднија, но и покрај тоа, рече Мизрахи, со секој нејзин следен јавен настап нападите се засилувале, посебно кога со факти и докази ја информирала македонската јавност дека системот во МТСП е нефункционален, а министерството за труд и социјална политика е блокирано од илјадници нерешени предмети како и ужасна кадровска политика.
– Немајќи за што друго, во очаен обид на луѓето од партијата на власт и нивните гласноговорници да ја прикријат вистинската слика за тоа што се случува во државата и министерството и погубните политики на СДСМ, наместо да се фатат за својата работа понудија евтината претстава наречена табла во Министерството, рече Мизрахи.
На крајот од својот говор порача да не ја прашуваат нејзе, туку поранешната министерка во МТСП, Мила Царовска каде е новата табла.
–Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија, рече Мизрахи.
Говорот на Мизрахи привлече огромно внимание на социјалните мрежи.