Македонија 04. април 2019. / 10:20

Химната не се свирела оти на ракавите на оркестарот пишувало “Република Македонија”

Химната не се свирела оти на ракавите на оркестарот пишувало “Република Македонија”

При пречекот на грчката делегација химната не се свирела затоа што доцнел авионот на Алексис Ципрас, рече синоќа премиерот Зоран Заев во неговото интервју во емисијата „Печат на неделата“ на 1 ТВ. Тој рече дека една од причините може да биде и тоа што на униформите на оркестарот пишува „Република Македонија“.

Поради тоа што доцнеше авионот. Скративме голем дел од оние официјалности кои што беа и впрочем гледате, направивме едно убаво селфи, претставување на делегациите и слично. Дури скративме и двајца министри кои дискутираа, еден од наша страна, еден од грчка, за строго да ги средиме протоколите и квалитативноста на самиот настан за билатералните средби да добијат стварно на значење во неопходно време. Имаше многу работи важни на тет а тет средбата, на меѓувладината седница, на форумот со бизнисмените. Само се трудевме да стигнеме – одговори Заев.

Новинарот Сашо Орданоски го праша премиерот дека некој рече дека тоа што оркестарот има Република Македонија на ракавите е една од причините поради кои не е свирена химната?

Значи може да постои таква причина или било што. Ние знаеме секој пат да се коригираме, можеше да се сошие или слично. Еве оркестрите заедно ќе бидат и таквите делови ќе бидат поклопени затоа што Уставот е јасен, каде што е „Република Македонија“ треба да биде „Република Северна Македонија“ – рече Заев.

Премиерот на оваа тема во интервјуто зборува во 5.10 минута.