Македонија 14. септември 2019. / 17:59

Хидросистемот Ѓавато предмет на криминална истрага, вработените повикани на распит

Хидросистемот Ѓавато предмет на криминална истрага, вработените повикани на распит

Вработените од Ѓавато на распит во МВР. Раководителот и колективот од хидросистемот се повикани да дадат исказ во секторот за внатрешни работи, Гевгелија, пренесува Телма.

Инспекторите собираат докази за наодите што ги објави Телма, дека системот со години е злоупотребуван и запуштен, што довело до нерентабилност и милионски загуби за државата.

Државниот инспекторат во два наврата констатира дека Ѓавато не смее да биде управуван од министерство за животна средина, но досега никој не го испочитувал ова задолжување.

Од министерството не одговараат дали ќе се покрене постапка за утврдување одговорност кај поранешни и актуелни функционери кои до дозволиле незаконското работење на Ѓавато.

СВР Струмица со соопштение потврди дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија работи на расчистување на случајот.

Повеќе детали ќе изнеле по комплетирање на исказите.

Поради неможноста да се наплаќа водата од системот, оние што биле редовно приклучени до 2012 година продолжиле бесплатно да ја користат водата, но се приклучиле и нови, дивоприклучени.

Така, ако до пред седум години се наводнувале 20 хектари, во моментов се намалку 100. Меѓу нив е и комуналното претпријатие на Богданци.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.