Македонија 11. септември 2018. / 19:42

Хашим Тачи утре во посета на Македонија

Хашим Тачи утре во посета на Македонија

Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи доаѓа во работна посета на Република Македонија, соопштуваат од Владата.

Во склоп на посетата, Претседателот на Република Косово, Тачи ќе оствари средба со Претседателот на Владата на Република Македонија, Заев.

„Со почеток во 10:00 часот, косовската делегација предводена од Претседателот на Република Косово, Тачи ќе биде пречекана на платото пред Владата на РМ.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи ќе остварат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на Владата на Република Македонија и на Република Косово“, информираат од Владата на Република Македонија.