Македонија 17. октомври 2018. / 22:14

Хан после оставката на Коѕијас: Сега е најважно да се сочува договорот од Преспа

Хан после оставката на Коѕијас: Сега е најважно да се сочува договорот од Преспа

По објавата за неочекуваната оставка на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, се огласи и еврокомесарот Јоханес Хан.

„Му благодарам на Никос Коѕијас за неговото докажано лидерство во нашите области на соработка. Сега е клучно да се зачува неговата политичка оставина, особено Преспанскиот договор“, напиша Хан на „Твитер“.

Функцијата на Коѕијас ја презеде грчкиот премиер Алексис Ципрас за успешно комплетирање на договорот од Преспа.