Не се потребни нови избори бидејќи тие можат да го оддолговлечат патот на земјава кон ЕУ и НАТО е пораката која ја испрати еврокомесарот Хан заклучно со последната изјава која ја даде за австрискиот весник Курир . Како што пренесува весникот оваа порака Хан му ја испратил и на премиерот Заев
„Новите избори ќе бидат само одоговлекување на патот кон почеток на преговорите за пристапување на ПЈРМ во ЕУ, што е планирано за летото наредната година . Невооибичаено е на референдум да се добие поддршка од 94 проценти, но да излезат само 36,8 отсто од гласачите, и тоа бидејќи опозицијата очигледно беше успешна во бојкотирањето“, истакнува еврокомесарот.
Сепак очекувањата на Хан се дека парламентот се уште може да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени. Бидејќи како што вели потребните 8 или 9 гласови мора да бидат остварени.
Премиерот Заев пак денеска во интервју за БХТВ1 рече дека ќе се оди на избори доколку опозицијата ја спречува иднината на земјата . Во ова прво официјално интервју по референдумот Заев сепак наведува дека ќе се направи се што е можно за обезбедување на двотретинско мнозинство но ако тоа не успее нема друг излез освен избори. Мухамед Зекири од владината коалиција пак вчера во анализата рече дека доколку има избори ќе се оди со заеднички листи за европска коалиција.
„Опција е европска коалиција каде што ќе бидат речиси сите политички партии што ја поддржаа оваа опција затоа што знаеме дека ова е алтернативата на Македонија и дека нема друга. ВМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни политики си гизатвори своите коалициски капацитети“, вели Мухамед Зекири – СДСМ
Од ВМРО ДПМНЕ пак остануваат на своите ставови од до сега но и она што синоќа беше изнесено на централниот и извршниот комитет. Во јавното обвинителство веќе е отворен и предмет по иницијатива на партијата за поткуп на гласачи.
„ВМРО-ДПМНЕ до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај. Со основано сомнение дека на изминатиот референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени во текот на референдумот, но и заради грубо полнење на кутии“, вели Наум Стоилковски – ВМРО-ДПМНЕ
Во меѓувреме пак дел од медиумите веќе објавија дека првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски се сретнал со лидерот на ДУИ Ахмети . ДУИ пак вчера на централното претседателство од Мала Речица како заклучок кој писмено го изнесоа донесоа одлука дека се уште има време за обезбедување на двотретинско мнозинство и дека предвремените избори не се најдоброто решение во моментот .
Дека преспанскиот договор е се уште жив и дека и двете земји потписнички треба да се борат за него денеска порача и владиниот грчки портпарол Ѕанакопулос во интервјуза грчкото радио Њуз 24/7.