Македонија 31. јули 2018. / 09:30

Хан: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот

Хан: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на својот профил на Твитер синоќа ја поздрави одлуката на Собранието да го одржи референдумот за Договорот со Грција на 30 септември.

– ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот. Ги повикувам сите граѓани на Македонија да го искористат своето демократско право на глас. Се работи за нивната земја и нивната иднина, напиша Хан.