Македонија 24. јули 2020. / 11:11

Хакирани интернет страницата и мејловите на Министерството за здравство

Хакирани интернет страницата и мејловите на Министерството за здравство

Министерството за здравство информира дека е хакирана и во моментов, не функционира нивната веб-страница.

Велат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме – велат од Министерството во краткото соопштение.