Македонија 13. јануари 2021. / 12:51

Густа магла на Плетвар, намалена видливост од 10 до 20 метри

Густа магла на Плетвар, намалена видливост од 10 до 20 метри

Поради појава на густа магла на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена од 10 до 20 метри.

Слаб снег провејува на Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Од ЈП „Македонија пат“ потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци и апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.