Околу 200 лица, македонски државјани кои се наоѓаат унгарско-српската граница, со организиран превоз се очекуваат да дојдат на преминот Деве Баир, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Од нив најголем број работеле во ризичните региони во Италија, а дел од нив се од Австрија, точните податоци ќе бидат регистрирани откако ќе се интервјуираат на влез во нашата земја, посочи министерот.
-Сите овие лица тие ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште на Криволак, каде се обезбедени услови, снабдување со храна, медицинска поддршка за проверка, прегледи, како и соодветно обезбедување, рече Филипче.