Македонија 29. април 2019. / 15:20

Група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на „Самуиловата тврдина“ во Охрид

Група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на „Самуиловата тврдина“ во Охрид

Група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на „Самуиловата тврдина“ во Охрид и тука снимала видео материјал кој понатаму треба да се монтира и пласира во јавност, неофицијално дознава ТВ24.

Како што дознаваме, се работи за група која тука се снимала и фотографирала и за тие потреби ја „декорирала“ тврдината со повеќе албански знамиња на помали јарболи кои ги држеле во раце и едно огромно кое го спуштиле преку бедемот до главниот влез, кој е свртен кон градот и се гледа од центарот на Охрид.

Но,додека се чекаат официјални информации од СВР Охрид и понатаму не јасно е за каква намена се снимал видео материјалот на Самуиловата тврдина во Охрид и зошто потребата од снимањето на ова видео наложила тврдината да се декорира со едно големо и повеќе мали знамиња на соседна Албанија.

Групата потоа со знамиња шетала низ Охрид, а на фотографијата подолу се гледа дел од оваа група на улицата Коста Абраш кај Сараиште во Стар Град Охрид.