Македонија 20. декември 2020. / 11:36

Група наставници по историја со петиција против укинување на овој предмет

Група наставници по историја со петиција против укинување на овој предмет

Група наставници по историја поднесоа петиција против предлогот на мисистерката Мила Царовска со кој се предвидува да се укине предметот историја од основните училишта.

Тие изразуваат видно незадоволство од Министерството за образование коцептот за креирање нов предмет наречен „општествени науки“.

– Со ваквиот концепт, првенствено, неминовно се намалува обемот на историските наставни содржини поврзани со светската и со националната историја. Ова се случува без конкретно укажување од страна на надлежните по кои стандарди и критериуми би била извршена селекцијата на наставните содржини кои би биле дел од новата програма и евентуално новите учебници и како истата би влијаела на поцеловитото претставување на пример на еден процес на формирање, растеж и пад на некоја цивилизација???, стои во реакцијата на групата наставници по историја.

Тие ги додаваат нивните ставови околу финскиот модел и појаснуваат дека владата направила грешка со тоа што се споредува со Финска, бидејќи баш таму постои предметот историја и е задолжителен за сите.

Министерството се повика на одредени странски модели на образование, меѓудругите, повикувајќи се и на финскиот модел, но, во модерното информатичко општество може релативно лесно да се провери податокот дека во Финска не е воопшто точно дека е укинат предметот историја. Веруваме дека јасно може да се воочи дека секој образовен модел не одговара во секоја држава, со оглед на социјалните, економските, политичките и други клучни разлики, велат наставниците.

Групата наставници по историја повикува на петиција против најавениот концепт за основно образование од страна на МОН и против маргинализација на предметот Историја.

Доколку сакате и вие да се потпишете на петицијата тоа може да го направите тука.