Македонија 10. април 2018. / 23:19

Груевски во судницата ги слушаше бомбите за набавка на мерцедесот

Груевски во судницата ги слушаше бомбите за набавка на мерцедесот

Поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски слушаше бомби по 21 часот во судницата за предметот „Тенк“, што се однесува на набавката на мерцедесот. Беа пуштени 8 бомби од кои 4 што не беа јавно објавени, пренесе А1.он.

По емитувањето на бомбите, адвокатот на Груевски, Димитар Дангов, рече дека бомбите се “аудио креација на неидентификивани гласови”. Тој побара да се одбијат како докази во обвинението пред судот.