По повод апсењето на Митко Чавков, поранешниот премиер Никола Груевски објави нов Фејсбук статус во кој вели дека апсењето на Чавков е одмазда на Заев за предметот „Поткуп“.
–Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот „Поткуп“ каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина.
Можам само да замислам под каква тортура и притисок во овие неколку години е и лицето бизнисмен кој го пријавил барањето мито во МВР, напиша Груевски.