Поранешниот премиер и сега почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на неговата фејсбук страница објави дека се наоѓа во Унгарија, во градот Будимпешта, каде што побарал политички азил поради прогонот кој му се случува во Македонија.
-Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.
Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти.
Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам.– пишува Груевски.
Ова го објави по потрагата која против него во изминатите два дена ја организираат властите во Македонија, откако тој не беше достапен за да му се даде решението со кое треба да издржува затвор од 2 години, поради набавката на владиниот мерцедес – дело во кое нема никаква корупција, ако се знае дека сеуште го користи Владата на Република Македонија.