Македонија 14. декември 2020. / 12:24

Груби: Владата работи за создавање на ново општество за еднакви граѓани

Груби: Владата работи за создавање на ново општество за еднакви граѓани

Владата денеска дава отчетот за тоа што сработиле во првите 100 дена од мандатот.

По обраќањето на премиерот Зоран Заев, се обрати и првиот вицепремиер Артан Груби. Во Владата влезе на оваа позиција која впрочем е нова во функционирањето на владиниот кабинет. Груби зборуваше на албански јазик, но на македонски јазик им се обрати на граѓаните Македонци и рече дека Македонија не преговара со Бугарија за идентитетот и рече дека тој е загарантиран.

Тој зборуваше за дел од проектите во овие 100 дена и се обрати до опозицијата. Рече дека вчерашните избори во Пласница и во Штип на кои победија СДСМ и ДУИ се сигнал дека како што рече, координираното бојкотирање не даваат резултат.

„Бојкотирањето на Собранието, секојдневното блокирање на улиците за измислена кауза не се во ред. Затоа им порачуваме да ја прифатат подадената рака и да функционираме за доброто на граѓаните, рече Груби.

Вели дека Владата работи за создавање на ново општество за еднакви граѓани.