Македонија 27. април 2020. / 20:49

Груби: Уставниот суд да се изјасни за иницијативата за повторно свикување на Собранието

Груби: Уставниот суд да се изјасни за иницијативата за повторно свикување на Собранието

Мојот став по иницијативата  за повторно свикување на Собранието е дека требаше да следи по обемни дискусии со сите партии, вели во „Топ тема“ пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Според него, по заршувањето на вонредната состојба треба да се продолжат изборни рокови, но првествено гледајќи го здравјето на граѓаните. Расуштеното Собрание го предава мандатот кај граѓаните.

Нам не ни се најбитни изборите туку здравјето на граѓаните. Уште утре сме подготвени да одиме да избори под услов тоа да е безбедно за граѓаните да го остварат своето демократско право. Се зависи од јавното здравје. Сите планирања и датуми се условни. Уставниот суд нека се произнесе за распуштање на Собранието. Оваа иницијатва да се поднесе и до Уставниот суд да се види неговото мислење, смета Груби.