Денеска почнува пописот на лицата кои се наоѓаат во странство.
Попишувањето во странство ќе трае од 1 до 15 март, а исто така од денеска е овозможено и само попишување на македонските државјани кои престојуваат во странство поради работа или други лични причини подолго од 12 месеци.
Вицепремиерот Артан Груби на албански јазик побара максимална мобилизација на албанското население секаде, со цел успешно спроведен попис.
да се мобилизира во што поголем број и да се регистрира.
-Драги браќа и сестри во егзил и вие семејство на нашите сонародници кои живеат во дијаспората. Од понеделник, 1 март 2021 започнува процесот на само-регистрација на адреса: https://census.stat.gov.mk/
Ве молам за максимална свест и мобилизација. Споделете и известете го семејството. #regjistrimi2021“, се вели во фејсбук објавата на Груби.
Инаку за потсетување, пописот започна денес, а ќе заврши на 21. април.
За разлика од албанската, македонската дијаспора во Австралија до денес нема никаква информација за попис.
-Сакам да ја информирам јавноста и институциите на Северна дека во Австралија не стигнале никакви информации или помагала за попис. Ако се пратени веројатно се во фиоките на конзулатот и амбасадата, вели активистот Ицо Најдовски.
Почитувани,
Ги гледам вестите на македонските телевизии како “информираат” дека попишувањето во дијаспората започнувало…Posted by Ico Najdovski-Perin on Sunday, February 28, 2021