Македонија 10. декември 2019. / 20:51

Груби смета дека е апсурдно да се зборува за Законот за јазици: Правото за употреба на мајчин јазик е дадено од Господ

Груби смета дека е апсурдно да се зборува за Законот за јазици: Правото за употреба на мајчин јазик е дадено од Господ

На заедничка дебата со пратеникот Антонио Милошоски и пратеничката од НСДП, коалициски партнер на СДСМ, Соња Мираковска, Артан Груби, пратеникот од ДУИ, во „Топ тема“, денеска истакна дека нема потреба да се дискутира за Законот за јазици, бидејќи „употребата на мајчиниот јазик е право дадено од Господ“.

Груби истакна и дека цел ден се двоумел да учествува во емисијата, бидејќи според него е „апсурдно“ да се разговара за употребата на јазиците.

– Се двоумев цел ден дали да учествувам во емисијава, бидејќи сметам дека е апсудрдно да разговараме за употреба на, од Господа дадено право за упореба на мајчин јазик, за каква употреба и да станува збор, особено со вас тројца Македонци – рече Груби во „Топ тема“.