Пратеникот од ДУИ Артан Груби истакна дека очекува сите пратеници ќе ги поддржат уставните амандмани.
– Сите 120 пратеници треба да ги подджрат уставните амандмани. Целиот западен демократски свет е со нас во оваа битка, а пратениците сметам се свесни дека со гласање „за“ уставните амандмани ќе придонесат за стабилност и економски проспетиет во државата, а најважно во насока на интеграција во ЕУ и НАТО, рече Груби.