Македонија 05. јануари 2021. / 11:44

Груби се правда: Ги тргнавме маските само еден момент

Груби се правда: Ги тргнавме маските само еден момент

Првиот вицепремиер Артан Груби во изјава за „360 степени“, вели дека целиот вчерашен настан на вселување во новите простории на министерството бил организиран во согласност со протоколите за заштита од ковид-19, а дека фотографијата што ја објави Османи на која 15 присутни во просторијата се без маски е „само момент“.

„Настанот се организира на првиот работен ден во новата година и според протоколите. Сликата што ја објави Османи беше само еден момент – за заедничка фотографија, при мало изненадување што колега го приреди за господинот Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство. Протоколите првенствено ги почитуваме за нашето лично здравје и за нашите семејства, како и за граѓаните“, изјави Груби.