Македонија 28. декември 2020. / 18:32

Груби: Прва работа што ја направив утринава беше да го разрешам Касапи

Груби: Прва работа што ја направив утринава беше да го разрешам Касапи

Првиот вицепремиер Артан Груби го разрешил советникот за култура именуван од него Шпат Касапи, откако тој пред еден месец бил приведен поради поседување дрога, потврди за „Плусинфо“ Груби.

Прва работа што ја направив утринава беше да го разрешам Касапи. Кај мене нема место за такво поведение од било кој – изјави Груби.

Шпат е познат пејач и син на експратеничката од СДСМ Ѓулумсер Касапи. Тој пред еден месец, според објави на дел медиуми, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров.