Македонија 25. јуни 2019. / 17:46

Груби поради преголеми обврски се откажа од Комисијата за селекција во УБК

Груби поради преголеми обврски се откажа од Комисијата за селекција во УБК

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, ги информирал претседтаелот на Собранието и претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање дека не можа да учествува во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање поради преголеми обврски.

Груби и пратеникот Трајко Димков денеска беа избрани од Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, откако, како што рече претседателот на Комисијата, Трајко Вељаноски, биле предложени по претходна консултација со политичките партии.