Македонија 14. февруари 2020. / 13:05

Груби најави дека Ахмети за половина час ќе тргне од Кичево за да гласа во Собранието

Груби најави дека Ахмети за половина час ќе тргне од Кичево за да гласа во Собранието

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, информира дека лидерот на партијата, Али Ахмети, за половина час ќе тргнел од Кичево и навреме ќе пристигне во Собранието за да гласа за Законот за Јавно обвинителство и за разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Владата на СДСМ е тука поради гласовите на ДУИ. И на 12 април нашата партија ќе биде одлучувачки фактор. Не условуваме ниту еден закон – веднаш ќе ги гласаме, рече Груби.