Македонија 15. јуни 2020. / 23:12

Груби: ДУИ ќе биде партијата која ќе одлучи кој ќе формира Влада

Груби: ДУИ ќе биде партијата која ќе одлучи кој ќе формира Влада

Гласовите кои ќе ги освојат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат блиску, а одлучни ќе идат на ДУИ за тоа кој ќе формира Влада, смета Артан Груби кој ова вечерва го изјави во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Груби претходно рече дека, гледајќи ја несериозноста на двата кандидати, очекуваат голем број на граѓани да гласаат за нивниот предлог, односно за првиот премиер Албанец.

Потеницра дека и во овој изборен циклус, ДУИ ќе биде партијата која ќе одлучи кој ќе формира Влада.

ДУИ и СДСМ изминатите три години се заедно во коалиција и формираа Влада, откако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, но не успеа да формира Влада.