Пратеникот од ДУИ Артан Груби порача дека изборите не се решение и очекува сите 120 пратеници да гласаат „за“ промена на уставното име, со цел да се реши спорот со Грција и да се интегрира земјата во ЕУ и НАТО.
Груби очекува сите пратеници да се вразумат, да гласаат за уставните измени, но не прецизира дали ќе поддржат распуштање на Собранието со цел на избори да се обидат да обезбедат мнозинство за промена на името.
„Ставот околу изборите е дека не се решение. Решението е Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО што побрзо и тоа по исцрпување на дебатата треба да ги поддржиме амандманите, сите 120 пратеници заедно да ги напишеме со експерти, со новинари, со цела акaдемска заедница“, рече Груби.