Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби вели дека упадот, тепањето и скандирањето во Собранието на 27 април бил вандализам, а не прослава на навивачи, каде се очекува скандирање, пеење, но не и вандализам, кој тој би го осудил во секој момент.
– Сметам дека реакциите се абсурдни, лицемерни и преставуваат класична намерна политичка злоупотреба на настан во функција на предизборна пропаганда. Јас не сум организатор на настанот, но мора да истакнам дека театарот му припаѓа на народот, не е ВМРОвски, СДСМовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припага на граѓаните“, вели Груби за Плусинфо.
Инаку, откако во петокот Шверцерите оставија хаос во МНТ, имаше бројни реакции. Премиерот Зоран Заев побара одговорност, а Владата побара организаторот да ја надомести штетата предизвикана во МНТ.