Македонија 21. август 2019. / 19:34

Груби бара итен ветинг во судството

Груби бара итен ветинг во судството

Ние гласно говоревме за селективната правда и го понудивме инструментот на ветинг за судии, обвинители и политичари, за да се бориме против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективност. Ова го напиша на социјалната мрежа Фејсбук Артан Груби од ДУИ.

Граѓаните го прифатија и поздравија овој наш програмски столб со убеденост дека ќе успееме, додека деновиве и опозициските партии го прифаќаат и го ставаат во употреба нашиот наратив и политика, напиша тој.