С. Македонија и Албанија целосно заслужуваат почеток на преговори за членство во Европската Унија, е констатацијата од денешниот состанок во Скопје на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби со претседателот на парламентарната група на Социјалистичката Партија на Албанија, Таулант Бала.
–Првиот вицепремиер Груби и секретарот на Социјалистичката Партија на Албанија Таулант Бала изразија оптимизам дека С. Македонија и Албанија ќе ја одржат првата меѓувладина конференција со Европската Унија, која што ќе означи почеток на преговорите за членство во Европската Унија, соопштија од кабинетот нз Груби.
Груби и Бала, исто така, се посочува, оценија дека Република С. Македонија и Република Албанија, како земји-членки на НАТО, се движат во вистинската насока, со реализирањето реформи во брз ритам, со единствена цел да се даде позитивен сигнал до сите земји-членки на Европската Унија.
Груби и Бала, исто така, разменија мислења и за важноста на Северна Македонија и Албанија да продолжат со своите реформи во областите наведени во неодамнешните заклучоци на Европскиот совет. Двајцата соговорници разговараа и за политичката состојба во земјата и регионот, стои во соопштението од Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.