Македонија 19. јануари 2021. / 12:46

Груби – Абазовиќ: Соработката меѓу Македонија и Црна Гора е на одлично ниво

Груби – Абазовиќ: Соработката меѓу Македонија и Црна Гора е на одлично ниво

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари онлајн средба со вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на која двајцата разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот.

-Полноправното членство на С. Македонија и Црна Гора во НАТО, пријателството со меѓународната заедница и особено со стратешките партнери на двете земји, Соединетите Американски Држави и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста, се согласија на онлајн средбата Груби и Абазовиќ за време на онлајн средбата.

Како што соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер, двајцата заедно високо ја оценија соработката меѓу Македонија и Црна Гора, која, сметаат, е на одлично ниво.

Груби му честиташе на неговиот колега Абазовиќ за функцијата вицепремиер и за успешното спроведување на досега клучните политики кои одат во прилог на сите граѓани во Црна Гора. Тој нагласи дека Македонија е посветена на исполнувањето на потребните реформи и обврски со цел што побрзото отворање на преговорите со Европската Унија.

Абазовиќ пак, истакнал дека Македонија е пријателска земја и стратешки партнер на неговата земја и дека односите со Скопје се изградени преку дијалог и добра соработка.