ција денеска ги отвора регионалните аеродроми, дел од копнените гранични премини и дел од пристаништата за туристи од Европската унија, од Шенген зоната, како и за државјаните на третите земји, кои се најдоа на листата што вчера ја соопшти ЕУ.
За македонските државјани, границите кон Грција и понатаму ќе бидат затворени до 15 јули 2020 година, со оглед на тоа дека Атина се води според одлуките на европско ниво.
„Грција, следејќи ја европската препорака, ја проширува можноста за влез во земјата и за постојаните жители на следните трети земји (листата ќе се ажурира на 15 дена): Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Руанда, Србија, Уругвај, Тајланд, Тунис, Кина (ќе се разгледа врз основа на взаемност)“, соопшти вчера портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.
Во однос на копнените граници, на граничните премини со Северна Македонија, Албанија и Турција дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти.
На границата со Бугарија, туристите ќе можат да влегуваат во Грција само преку граничниот премин Промахонас, како што беше и досега.
Од денеска отворени се седум копнени гранични премини, еден со С. Македонија (Евзони) и по два со Албанија, Бугарија и Турција.
Листата со трети земји важи и за меѓународните летови на аеродромите во цела Грција, односно и за авионскиот транспорт, продолжува да важи забраната за македонските државјани.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција издаде нови упатства, според кои забраната за влез на државјани од земји кои не се во ЕУ, продолжува да важи до 15 јули 2020 година. Исклучок се државите од европската листа.
Освен атинскиот аеродром кој воопшто не беше затворен за време на карантинот и солунскиот што беше отворен на 15 јуни, од денеска дозволени се меѓународни летови кон сите аеродроми во Грција, а до 15 јули се забранети директните летови од Велика Британија и Шведска.
Во однос на морскиот меѓународен сообраќај, отворени се пристаништата во грчките градови Патра и Игуменица.
Туристите во Грција ќе доаѓаат без тест и без карантин, но ќе имаат обврска, најмалку 48 часа пред патувањето да имаат пополнето специјален образец „Passenger Locator Form (PLF)“, достапен на интернет страница https://travel.gov.gr/#/ .