Македонија 20. март 2019. / 09:52

Грчева: Се фалат дека ќе се возат болни луѓе во комбиња за зелки

Грчева: Се фалат дека ќе се возат болни луѓе во комбиња за зелки

Наместо да донесат закон за забрана на функционерски додатоци со астрономски суми и да купат супермодерни и опремени возила, тие одат уште еден век назад, напиша Грчева на Фејсбук

По прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче дека информацијата дека Брзата помош ќе се доопремува со осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ќе бидат пренаменети во возила за брза помош, претседателката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, излезе со саркастичен коментар.

-Каква мизерија! Наместо Министерството за здравство да ги поклони оние раскапани амбулантни возила на Министерството за Земјоделие за возење на зелки, тие се фалат дека луѓе ќе возат во комбиња за зелки.

Инаку сегашните возила на брза помош немаат најосновна опрема за прва помош. Ниту кислород, дури ни ќебиња.

Наместо да донесат закон за забрана на функционерски додатоци со астрономски суми и да купат супермодерни и опремени возила, тие одат уште еден век назад, напиша Грчева на Фејсбук.