Македонија 24. октомври 2019. / 09:56

Граничниот премин кон Бугарија кај Делчево ќе се проширува наредната година

Граничниот премин кон Бугарија кај Делчево ќе се проширува наредната година

Бугарскиот граничен премин Станке Лисичково ќе се проширува со цел полесно поврзување, најпрвин со службите од граничниот премин Делчево, а потоа и подобра патна поврзаност меѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Во моментов е тендерска постапка за проширување на граничниот премин. Очекуваме на почетокот на следната година да имаме нов пункт со три ленти за поминување на границата. Тоа за трипати ќе ги зголеми капацитетите во споредба со сегашната една лента со која располагаме. Тоа е чекорот кој го правиме и транспортно да ја поткрепиме Република Македонија за нејзино членство во ЕУ – изјави бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов.

Според најавите на бугарскиот министер, проширувањето на граничниот премин Станке Лисичково може да се очекува наредната година.