Македонија 01. јули 2018. / 12:18

Граѓаните револтирани од синоќешната полициска рација во ноќните клубови низ Скопје

Граѓаните револтирани од синоќешната полициска рација во ноќните клубови низ Скопје

Граѓани на Скопје сведочат дека полицајци вооружени со автоматско оружје, упаднале синојка доцна навечер, и барале да се угаси музиката во повеќе ноќни клубови низ Скопје, со образложение дека се врши контрола на возраста на гостите.

Револтот може да се прочита денес по социјалните мрежи, поради синоќешната акција на Министерството за внатрешни работи во ноќните клубови во Скопје. Неофицијално, уапсен бил сопственикот на ноќниот клуб „Сектор“ кој гласно негодувал против грубиот однос на полицајците.

Сведоците велат дека полицијата непосредно по наредбата за гасење на музиката, почнала да ги легитимира гостите.