По големата полициска акција што се спроведува од утрово во селото Љуботен, селаните револтирани го изнесоа тутунот надвор и велат ако имаат друга работа, нема да работат тутун, пренесува Независен весник.
–Нека ме вработи, јас нема да ја работам ова работа, влегуваат како сакаат, никој не реагира. Доаѓат, бараат гласови на избори и бегаат, вели еден граѓанин.
-Никој не е известен, како можат да дојдат така, да влезат дома? Да плашат деца? Ова е срам за државата, вели друг граѓанин.
Полицијата е во Љуботен со специјална единица, а има и хермелини, јавува репортерот на „Независен весник“.