Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски во својата предизборна кампања постојано потенцираше дека најважен дел од неговата програма е здравата животна средина, пишува Вечер.
Наумовски пред да стане градоначалник на жителите на Ѓорче Петров им ветуваше планска изградба на згради, нови зелени површини, а како еден од поголемите проекти во неговата предизборна програма беше темелно реновирање на централниот парк во општината
Ѓорчепетровци наместо исполнување на ветувањето и решавање на урбаниот хаос и обновување и зголемување на зелените површини ќе добијат нова зграда во централниот парк, дознава Вечер.мк.
Кметот Наумовски и советниците на СДСМ на денешната седница на советот по предлог од Друштвото ДЕА- КОМ ДОО експорт-импорт Гостивар, донесоа одлука за промена на деталниот урбанистички план во Ѓорче Петров. Ќе се гради на површина од 14,43 ха.
Жителите на Ѓорче Петров од новата општинска администрација предводена од Наумовски добија само лажни ветувања, нема изградба на нови паркови, загаденоста на воздухот во зимскиот период е на рекордно ниво и не се реши урбаниот хаос.