Градоначланикот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, не ги прекинал своите социјални и професионални контакти со луѓе иако бил свесен дека е можен преносител на корона вирусот, реагираат граѓани од општината.
Иако градоначланикот лично немал изразени симптоми на болеста, сепак, неговата сопруга уште пред десетина дена добила благи симптоми, по што отишла кај матичен лекар. Сепак, затоа што изјавила дека немала контакт со заболено лице, по алгоритамот на Министерството за здравство таа била одбиена за тестирање.
Работата станала поголема, односно почнала да предизвикува загриженост во јавноста, откако почина фризерот од Кочани, чиј клиент бил токму градоначалникот Горанчо Крстев, а кај фризерот на стрижење бил на 23 март. Сепак, Крстев и покрај тоа што бил свесен оти бил во контакт со фризерот и дека поради тоа е можен преносител на вирусот, продолжил да оди на работа.
Конечно, откако здравствената состојба на сопругата се влошила, тие двајцата се тестирале во болницат „Филип втори“ во Скопје, по што и двајцата биле позитивни. Сепак, чекајки ги резултатите, градоначалникот не паузирал со работата, туку одел во општината, односно не бил во изолација, ниту, пак, некој го проверувал, а во меѓувреме имал и приватни контакти со поблиските пријатели.
Резултат од неговото однесување е тоа што дури сега за 19. луѓе од локалнта администрација е донесена одлука за самоизолација.
Поради овој проблем, на социјалните мрежи реагира и лекарката д-р Јасминка Ајтовска, која ги повика сите граѓани на општината, коишто билое во контакт со градоначалникот Крстев или пак, со некој од вработените во општината да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и евентуално тестирање за корона вирусот.