Македонија 09. септември 2020. / 09:37

Градинките почнаа со работа – Прием на децата само со лекарска потврда

Градинките почнаа со работа – Прием на децата само со лекарска потврда

По 6 месеци, градинките ги отворија вратите за децата, но под строги протоколи за заштита од Ковид-19.

Во функција се по неколку влезови за да нема мешање на децата.

Нема прием без мерење на температура, дезинфекција на раце и лекарска потврда дека детето е здраво.

Сите вработени се со маски, а во групите е дозволено најмногу 6 деца во помалите и максимум 15 во поголемите групи согласно протоколите од Комисијата за заразни болести.

Градинките треба да згрижат 14.555 деца, чии родители мора да одат на работа.

Според пропишаните протоколи, родителите при носење на децата во градинка задолжително треба да имаат заштитна маска. Тие треба да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето. Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице. Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар.