Изразувам длабоко жалење што Европскиот совет не успеа да постигне консензус за остварување на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Го сметам тоа за голема грешка, погрешна порака“, изјави претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Таа вчера се состана со нејзиниот албански колега, Илир Мета, јавува агенцијата „Анадолија“.
Китаровиќ, на средбата истакна дека двете земји го заслужиле датумот, како со реформите на внатрешен план, така и со решавањето на билатералните прашања.
–Хрватска во текот на своето претседавање ќе стори сѐ што е во наша моќ за да го аргументираме членството, како на Албанија, така и на Северна Македонија, односно почеток на преговорите за членство во Европската Унија – порача Колинда Грабар-Китаровиќ.
Илир Мета порача дека ја цени заложбата на Хрватска, но и на Бугарија и Грција, по прашањето отворање на преговори со ЕУ.